Рајковиќ остана без НБА засилувањето во ЦСКА Москва

Американскиот кошаркар Вил Бартон сепак нема да потпише за ЦСКА Москва кој е предводен од македонскиот стратег Емил Рајковиќ, соопшти рускиот тим. Договорот е раскинат, а Бартон се враќа во Соединетите американски држави.

Причина за тоа е што поранешниот НБА кошаркар не ги поминал медицинските прегледи.

Бартон е 40. пик на НБА драфтот во 2012 година. Кариерата ја започна во Портланд за потоа седум години да биде дел од Денвер каде настапуваше заедно и со Никола Јокиќ. Покрај овие два тима броеше настапи и за Вашингтон и Торонто.

Се вчитува...