Рајковиќ: Овој пат среќата беше на страната на Зенит

Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва не успеаја со трофеј во Суперкупот на ВТБ лигата да ја започнат новата сезона. На патот на „армејците“ застана ривалот Зенит кој во драматична завршинца славеше со минимални 71-70.

ЦСКА Москва ја имаше победата во свои раце, на девет секунди до крајот на мечот имаше напад и предност од два поени, но откако ја загубија топката следеше казна од Зенит кој погоди обид зад линијата 6,75 и стигна до голема победа.

„Мислам дека бевме подобриот противник во повеќе сегменти од играта и ја имавме победата во раце, но тоа е убавината на кошарката која не непредвидлива до самиот крај. Мојот тим одигра добро, сработија се што беше договорено, но на 9. секунди до крајот не успеавме да ја изведеме топката и тоа ги врати во мечот. На крајот постигнаа и многу тежок шут за три и покрај добрата одбрана на Жан Шарл. Овој пат среќата беше на нивна страна. Честитки“, изјави Рајковиќ.

Македонскиот стратег на ВТБ Суперкупот не можеше да смета на услугите на најискусните во соствот, Алексеј Швед и Никита Курбанов па шанса добија млади кошаркари за кои Рајковиќ вели дека ова е големо искуство.

„Игравме без Швед, Курбанов и ни недостасуваа многу, но младите момци како Руженцев добија шанса и ова беше големо искуство за нив“, додава Македонецот.

Се вчитува...