Рајковиќ пресреќен: Фенер е голем тим, но бодрени од верните навивачи успеавме да го совладаме

Емил Рајковиќ има причина да биде горд на себе и на Тофаш откако македонскиот стратег имаше фантастично деби во турското првенство, во првото коло земајќи го скалпот на европскиот првак Фенербахче.

Тогаш во драматичен финиш дојде до победата со поени со звукот на сирената, на огромно задоволство на македонскиот стратег, кошаркарите и навивачите на домашниот тим.

„Атмосферата што беше создадена придонесе да се прикажеме во вакво издание. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за оваа одлична атмосфера и на моите играчи за доброто издаине. Фенербахче е голем тим, но ние успеавме да му парираме до самиот крај и се најдовме во позиција да славиме. Пресреќни сме бидејќи излеговме како победници од овој прекрасен натпревар“, изјави Рајковиќ по победничкото деби.

Се вчитува...