Емил Рајковиќ продолжува со одличните резултати на чело на Астана во силната ВТБ-лига откако македонскиот стратег денеска го зеде скалпот на Локомотив Кубан, совладувајќи го рускиот гигант со 90-88.
Успехот е уште поголем ако се знае дека Астана на стартот имаше „минус 14“, во последната четвртина се враќаше од негатива од десет поени, но со чудесен пресврт успеа да стигне до големата победа.
Најзаслужен беше поранешниот играч на Будуќност, Коти Кларк, кој постигна 26 поени, два повеќе од Малколм Хил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА