Рајковиќ со нов ангажман, ќе води турски клуб

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ, идната сезона ќе го води турскиот суперлигаш Тофаш, јавуваат повеќе медиуми во Турција. Тофаш во оваа сезона успеа да се пласира во плеј-офот, но не ја мина првата пречка.

По заминувањето од московска ЦСКА, Рајковиќ беше без ангажман, и сега се враќа на клупата во земја во која не бил никогаш.

Работеше во клубови од Казахстан, Полска и Русија, а имаше и домашни ангажмани на почетокот на тренерската кариера, како тренер на Работнички, Фени Индустри и МЗТ.

Се вчитува...