Емил Рајковиќ ја заокружи 2022 година со перфектни 17 победи и ниту еден пораз како тренер на ЦСКА Москва во регионалната ВТБ-лига, откако македонскиот стратег славеше на домашен терен над Локомотив Кубан со 94-80.
ЦСКА уште во првото полувреме стигна до двоцифрена предност, на одмор заминувајќи со 42-31, позитива што избраниците на Рајковиќ рутински ја задржаа до самиот крај. Московскиот гигант е убедливо прв на табелата со перфектни 17-0, пред Ненад Димитријевиќ и Уникс Казањ, кои се второпласирани со 14 победи и два порази во досегашниот дел од сезоната во регионалното натпреварување.
Жан Шарл ги предводеше стрелците на МЗТ со 25 поени, пред Давидовац со 13 и Далас Мур со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА