Емил Рајковиќ не го криеше задоволството откако денеска и официјално потпиша договор со повеќекратниот европски првак ЦСКА Москва.
Македонскиот стручњак го стави својот потпис на двогодишниот договор со рускиот гигант, најавувајќи дека навивачите на ЦСКА ќе уживаат во игрите на оваа екипа додека тој е тренер.
„За мене е огромна чест, но исто така и голема обврска што доаѓам на чело на еден огромен клуб со богата традиција како што е ЦСКА Москва, уште повеќе ако се знае дека ЦСКА се приближува до прослава на својата стогодишнина од постоењето. Горд сум што воопшто добив покана и благодарен на довербата што ми ја укажуваат водечките луѓе на клубот. Со заедничка работа и максимална посветеност можам да кажам дека модерна и интересна кошарка во која нашите навивачи ќе уживаат. Исто така, ќе одиме на победа на секој натпревар, паралелно со тоа посветувајќи внимание за играчите да се развиваат максимално и да даваат се од себе, во рамките на својот потенцијал“, порача Емил Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

