Рајковиќ со ЦСКА неочекувано елиминирани од Локомотив, останаа без финале во ВТБ лигата

Кошаркарите на ЦСКА Москва предводени од македонскиот тренер Емил Рајковиќ, неочекувано останаа без финале во ВТБ лигата, откако во седмиот решавачки натпревар од полуфиналниот плеј-оф загубија од Локомотив Кубањ.

Во „мајсторката“ за место во финалето, ЦСКА загуби со 103-100 по едно одиграно продолжение.

Тимот на Рајковиќ имаше предност по првото полувреме од 47-39, но Локомотив Кубањ со пресврт се избори за продолжение кое го доби со 18-15.

Во победничките редови најдобар беше Окаро Вајт со 21 поен, а на спротивната страна Швед со 22 поени.

Локомотив Кубањ во финалето ќе игра против Зенит или Уникс Казан на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. И овие две екипи ќе играат седми решавачки меч во вторник.

Се вчитува...