ВИДЕО: Рајковиќ со кош во последната секунда го урна големиот Фенербахче

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ имаше деби од соништата на клупата на Тофаш Бурса. Во првото коло од турската Супер-лига, неговиот тим го совлада големиот фаворит Фенербахче.

Натпреварот имаше драматичен финиш, а Тофаш постигна кош со звукот на сирената за конечна победа од 80-78. Херој беше Максвел Луис, кому тоа му беа први поени на натперварот.

Екипата на Емил Рајковиќ успеа да стигне негатива од седум разлика во последната четвртина, а во последните две минути беше во предност од поен и имаше напад да стави печат на победата.

Македонскиот тренер при 78-78 повика тајмаут, и благодарение на неговата акција, тимот стигна до победа.

Се вчитува...