Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше убедлива победа против Магдебург (28-22) во дербито на 16.коло во Бундеслигата. „Лавовите“ беа супериорни од почеток од крај и запишаа важна победа со која дојдоа на бод заостаток зад Мегдебург кој има 26 бода и моментно е на третата позиција на табелата на која на првите две позиции се Фленсбург со 30 бода и натпревар помалку и Кил со 28.
Избраниците на Николај Јакобсен имаа фантастична серија од 7-1 по која се одлепија на 8-2 уште на почетокот од мечот. По овој шок, Магдебург не успеа да ги консолидира своите редови, ниту да ја загрози предноста на домаќините. По фантастичното прво полувреме, Рајн Некар Левен веќе имаше двоцифрена предност од 18-8.
Во вториот дел „лавовите“ рутински го одржуваа водството, без да трошат премногу сила. Магдебург успеа да направи серија од 5-1 и намали на 22-15 на средината од вториот дел.
Филип Талески доби мала минутажа во финишот на мечот, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Уште една фантастична партија во дресот на рајн Некар Левен одигра исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон кој беше најефикасен со девет гола. Исто толку погодоци за Магдебург постигна Михел Дамгард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА