Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше убедлива победа на гостувањето кај Лајпциг со 23-29, во натпреварот од 12.коло во Бундес-лигата. Веднаш по натпреварот, екипата на Николај Јакобсен вечерва го продолжува својот пат за Шпанија каде за неполни 24 часа ги очекува дуелот со Барселона во Лигата на шампионите.
„Лавовиоте“ од Манхајм демонстрираат извонредна подготвеност и успешно се справуваат со пребукираниот распоред со бројни гостувања во Бундес лигата и во Лигата на шампионите. За Рајн Некар Левен ова е вкупно девета победа во серија на „двата фронта“, вкупно десета во Бундес лигата.
Актуелниот германски шампион и на гостувањето во Лајпциг ја потврди фаворитската улога и доминираше на теренот во сите 60 минути. На полувремето гостите имаа предност од 13-15, но во продолжението го засилија темпото и стигнаа до највисоки +11 (16-27), а на крај завршија со 23-29.
Талески на овој меч остана на клупата на рајн Некар Левен во чиј состав најефикасен беше Александар Петерсон со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА