Рајн-Некар Левен експресно го реши прашањето со тренерската функција по оставката што ја поднесе Кристјан Андресон.
Изборот за нов стратег на „лавовите“ падна врз Мартин Швалб, германскиот стратег што е поранешен европски шампион, успех што го оствари седејќи на клупата на Хамбург во 2013 година. Овој германски клуб потоа поради банкрот се пресели во понизок ранг на натпреварување, Швалб остана на тренерската функција, но во јули 2014 имаше срцев удар, поради што мораше да прекине со овој ангажман.
Тој ја доби функцијата потпретседател на Хамбург, паралелно со тоа работеше и како ТВ-аналитичар, но поднесе оставка од овие две функции, прифаќајќи ја понудата на „лавовите“ од Манхајм за да му се врати на тренерскиот занает.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

