Рајн Некар Левен го освои третото место на Ф4 турнирот во новоформираната ракометна Лига на Европа, откако во малото финале славеше над полска Висла Плоцк со 27-32. Бундеслигашот уште од самиот старт го конролираше натпреварот и во ниту еден момент не им дозволи на Полјаците дека може да се надеваат на победа.
Џери Толбринг со десет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Золта Шита заврши со шест гола.
Финалниот меч во кој ќе се сретнат Фуксе Берлин и Магдебург е закажан за во 20:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА