Вардар обезбеди прво место и директно четвртфинале во Лигата на шампионите, независно од исходот на утрешниот последен меч против Висла. Во прилог на актуелниот европски шампион му оди денешното реми меѓу Рајн Некар Левен и Нант (30-30) по кое францускиот тим засега останува на втората позиција зад Вардар. Рајн Некар Левен е на четвртата позиција, а Барселона е трета со натпревар и два бода помалку од Нант.
Филип Талески одигра уште една добра партија во дресот на Рајн Накера Левен и запипша три гола, а Кире Лазаров поради повреда го пропупшти и овој меч за Нант.
Во изедначен и до крај неизвесен натпревар, домаќините го имаа почетното водство и предноста во првите неколку минути, но потоа Нант постигна четиир гола во серија (3-5) и ја презеде иницијативата. Францускиот тим диктираше темпо во поголем дел, „лавовите“ бркаа резултат и четири пати дојдоа до изедначување, но сепак Нант на одмор замина со предност од 13-15.
Избраниците на Николај Јакобсен во второто полувреме влегиоа многу поангажирано, уште од старт направија серија од 4-1 и поведоа со 17-16. Во продолжението двете екипи се менуваа во водство, а Нант посериозно се закани откако со серија од 3-0 поведе со 23-25 на стартот од последната четвртина од натпреварот, но на крај натпреварот сепак заврши без победник.
Во отсуство на повредениот Гидеон Гвардиола, Филип Талески одигра уште една одлична партија во одбраната на Рајн Некар Левен, а постигна и три гола од седум обиди. Најефикасен кај домаќините беше Џери Толбринг со шест гола, а по пет додадоа Едни Шмид и Рафаел Баена. Во составот на Нант и на овој меч го немаше Кирил Лазаров кој уште од ЕП во Хрватска има повреда на задната ложа. Нант го предводеше гола Николас Клер со седум гола, а по шест постигнаа Николас Турна и Едуардо Гурбиндо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА