Гермнскиот шампион Рајн Некар Левен славеше тешка победа против Кристијанштад со 32-29, во последниот натпревар од 12.коло во групата А од Лигата на шампионите. Тимот од Манхајм за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, наиде на силен отпор од шведскиот тим кој се бори шестото место и за пласман во следната осминафинална фаза во ЛШ.
„Лавовите“ во поголемиот дел од натпреварот беа во водство, највисоката предност ја имаа во првиот дел кога поведоа со 14-10, а на +4 стигнаа и на почетокот од вториот дел кога поведос со 20-16. Но, гостите постојано се враќаа во игра и не им дозволуваа да се одлепат. Во завршните десет минути Рајн Некар Левен имаше само еден гол предност (25-24). Во решавачките моменти сигурен на голот беше Андреас Паличка што во финишот му донесе дополнителна сигурност на германскиот тим и шанса да го заврши мечот со триумф. На пет минути пред крај Рајн Некар Левен одново се врати на највисоката предност од +4 (29-25), ја зголеми преднсота до крај и ја завери петтата победа во групната фаза.
Филип Талески на овој дуел имаше дефанзивна улога во одбраната 5-1 на Рајн Некар Левен и се менуваше со Енди Шмит во нападот. Лидер во нападот на германскиот шампион посебно во завршните десет минути беше Богдан Радивојевиќ со максимални пет од пет. Пет гола постигна и Менсах Ларсен, а по четири погодоци за „лавовите“ запишаа Енди Шмит и Патрик Грецки. Кај Кристијанштад најефикасен беше Олафур Гудмундсон со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА