По разочарувачкиот викенд со два тешки порази, Рајн Некар Левен се враќа во препознатливиот ритам. Филип Талески и неговите соиграчи славеа убедлива победа на гостувањето против Хутенберг со 23-36, во натпреварот од 27.коло во Бундес-лигата.
„Лавовите“ во првиот дел направија импресивна серија од 10-1 и уште на полувремето имаа двоцифрена предност (9-20). Доминацијата на германскиот шампион продолжи и во второто полувреме во кое гистинските ракометари ја задржаа убедливата позитива и на крај триумфираа со 13 гола разлика (23-36)
Овој меч и посебно убедливиот триумф за Рајн Некар Левен доаѓа како загревање пред реваншот со Кјелце во четвртфиналето од ЛШ, во кое избраниците на Николај Јакобсен „бркаат“ 24 гола негатива, од поразот во Полска со 41-17 на кој настапија со вториот тим.
Филип Миркуловски со тимот на Вецлар, загуби на домашен терен од Магдебург (27-29 ). По овој 12.пораз сезонава, Вецлар останува со 25 бода и е моментно на десетото место на табелата. Рајн Некар Левен ја држи лидерската позиција со 44 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА