Во драматичен натпревар, Рајн Некар Левен на домашен терен загуби од Мелсунген со 23-24 и на две кола пред крај ги губи шансите за одбрана на титулата во Бундес-лигата. Ова е трет меч во серија без победа за актуелниот германски шампион, по поразот од Фуксе Берлин и ремито со Ерланген. На две кола пред крај, Рајн Некар Левен е на втората позиција со 51 бод, еден помалку од водечекиот Фленсбург, а 51 бод има и Фуксе Берлин на третата позиција.
Јунак во триумфот на Мелсунген беше црногорскиот голман, Небојша Симиќ кој запиша 14 одбрани и го сопре шут на Анди Шмит за изедначување во последните секунди од натпреварот. Јулиус Кун беше најефикасен во тимот на Мелсунген со девет гола. Кај Рајн Некар Левен прв стрелец беше Гудјон Валур Сигурдсон со шест погодоци. Филип Талески на овој меч не се запиша во листата на стрелците.
Пораз претрпе и Филип Миркуловски со тимот на Вецлар кој на домашен терен загуби од Лемго (23-24).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА