Рајо без Димитриевски се намачи да помине понатаму во Купот

Рајо Валјекано виде многу мака за да се пласира во 1/8 финалето на Купот на Шпанија, откако дури по продолженијата во финишот ја совладата екипата на Хуеска со 0-2. Рајо настапи без Столе Димитриевски кој се најде на клупата и доби поштеда пред тешките предизвици во Ла Лига.

Дури во 118 минута Валентин успеа да донесе предност за тимот од Мадрид, а на 0-2 во 122 минута зголеми Палазон, што значеше пласман меѓу најдобрите 16 на Рајо.

Претходно пласман во следната рунда обезбеди Гетафе, кој на гостински терен го победи Еспањол со минимални 0-1.

Се вчитува...