Рајо Ваљекано направи огромен чекор кон опстанок во Ла Лига, откако вечерва славеше над директниот конкурент Елче со 1-0. Тимот од Мадрид имаше огромна предност откако гостите добија црвен картон, и максимално профитираа од ситуацијата, стигнувајќи до осмата победа во 30-тиот меч во шпанската „елита“, и сега има шест бодови предност од опасната зона.
Елче доби црвен картон во 39. минута, откако Бигас заработи втор жолт, и така му овозможи голема предност на домашниот тим.
Тоа го искористи Нтека кој во 74. минута погоди на асистенција на Гарсија, доаѓајќи до оваа важна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

