Рајо Валјекано одлично се држеше во дуелот со Селта во Виго, и по првиот дел беше без голови. Сепак, во вториот дел домашниот тим го принуди македонскиот голман Столе Димитриевски три пати да ја вади топката од мрежата, и да ги освои трите бода.
Аспас во 51. минута погоди во голот на Димитриевски, а една минута подоцна македонскиот чувар на мрежата „капитулираше“ со автоголот на Сис.
Во 85. минута Аспас уште еднаш го совлада Димитриевски за конечни 3-0. Ова беше осми пораз на Рајо во сезоната, и еден чекор назад во битката за Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА