Рајо и Столе повторно ја потопија големата Барселона (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано повторно ја потопија големата Барселона откако на домашен терен славеа со 2-1 во натпревар од 31. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Алваро Гарсија уште во 19. минтуа од натпреварот. Во 43. минута Левандовски постигна погодок за израмнување, но тој беше поништен по прегледување на ВАР поради офсајд.

Во вториот дел домаќините ја удвоија предноста на 2-0 со голот на Фран Гарсија во 53. минута. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот (2-1) преку Роберт Левандовски во 83. минута.

Rayo Vallecano [1] – 0 Barcelona – Alvaro Garcia 19’
by u/Golovking in soccer

Се вчитува...