Рајо ја освои Севилја – Столе и компанија со нов триумф во Ла Лига (ВИДЕО)

Рајо Валјекано на гостински терен издвои победа над незгодната Севилја од 0-1 во рамки на 12-то коло од шпанската Ла Лига.

Гостите постојано ја имаа играта под своја контрола, но никако не успеваа да бидат прецизни во реализација, барем во првото полувреме.

Офанзивата на Рајо се исплати конечно во 62. минута, кога Алваро Гарсиа постигна гол за водство од 0-1. Столе и компанија до крајот од овој меч умешно ја сочуваа оваа предност за нов триумф во Ла Лига.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...