Рајо Ваљекано го запиша и третиот пораз сезонава во Ла Лига. Тимот на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски загуби со 3-2 на гостувањето против Атлетик Билбао во 6. коло од шпанскиот шампионат.
Димитриевски, и покрај поразот, имаше квалитетен настап во Билбао, во неколку наврати спречувајќи сигурно погодоци на домашните со што спречи и поубедлив пораз на својот тим.
А, Рајо прв дојде до предност со голот на Трехо уште во 5. минута.
Сепак, Атлетик Билбао со двата гола на Ињаки Вилијамс и еден на Санцет уште во првото полувреме дојде до целосен пресврт и водство од 3-1.
Во второто полувреме Рајо Ваљекано со погодокот на Фалкао во 80. минута единствено успеа да го ублажи поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

