Барселона стигна до планирани три бода на дуелот со Рајо Валјекано, славејќи со 3-1 иако гостите од Мадрид први дојдоа во водство на овој натпревар.
Примениот гол само ја зголеми иницијативата на Барса, па Пике прв ја начна мрежата на нашиот голман Столе Димитриевски, совладувајќи го со удар со глава пред крајот на полувремето. Водство на Барселона донесе Меси од пенал откако Семедо беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, а конечните 3-1 ги постави Луис Суарез по една прекрасна акција и додавање на Иван Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА