Рајо Ваљекано претрпе непријатен пораз (2-1) на гостувањето против Еспањол. Поразот боли повеќе бидејќи домаќинот постигна победнички гол во петтата минута од судиското продолжение. Дардер со волеј – удар од работ на шеснаесетникот успеа да го совлада Столе Димитриевски.
Поведе Рајо Ваљекано со голот на Абдулаје Ба во 33.минута, а Еспањол израмни од пенал. Борха Иглесијас во 72.минута го намудри македонскиот репрезентативец од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА