Рајола од трансферот на Погба заработил – исто колку фудбалерот!

Трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед, на неговиот менаџер, Мино Рајола, му донел цело богатство. Според новите податоци кои излегоа во јавноста, не се работи само за 20 милиони евра како што се знаеше претходно, туку за многу поголема сума.

Целата конструкција која ја објави „Дејли мејл“ потврдува дека Мино Рајола е финансиски гениј кој знае добро да ги изменаџира трансферите и добро да заработи на нив.

Рајола имаше посебен однос со Јувентус. Го донесе Погба бесплатно, а по изгубеното финале со Барселона се согласи Французинот да остане уште една сезона во клубот. Но, при трансферот на Погба во Манчестер јунајтед го договори својот процент. Како дел од она што му е уплатено на Јувентус, Манчестер јунајтед има одвоено сума од 27 милиони евра за менаџерот.

Тоа е само почеток за познатиот менаџер во овој трансфер. На оваа сума Јунајтед додава уште 15 милиони евра за петгодишниот договор на Погба, три по сезона и бонус за успешно завршената работа, затоа што Рајола успеал да го убеди Французинот да се врати во Манечестер јунајтед.

Но, ни тоа не е се. Мино Рајола на тоа ја зема и нормалната менаџерска провизија од 2,5 милиони од самиот Погба, кој парите ги уплатил на фирмата на Рајола со седиште во Монте Карло.

Тоа се вкупно 48 милиони евра од трансферот. После тоа останува да се реши и застапувањето на Погба за маркетишки цели, а тука Рајоли за својот клиент издејствува добар договор со „Адидас“ од кој исто така ќе има процент, па вкупната сума што ја заработува менаџерот на Погба достигнува фантастични бројки. Погба со „Адидас“ склучи 10-годишен договор кој со бонусите може да достигне сума и од 6 милиони евра годишно.

Трансферот на Погба од Јувентис во Манчестер јунајтед „тежи“ 120 милиони евра, од кои фудбалерот доби 20 милиони, а секоја сезона ќе има и годишна плата од 12 милиони евра.

Кога ќе се соберат сумите, излегува дека неговиот менаџер, Мино Рајоли од овој трансфер ќе заработи речиси исто колку и фудбалерот. Така, само трансферот на Погба, го направи Рајола најбогат менаџер во светот, покрај Жорге Мендеш, кој му е менаџер на Роналдо.

Се вчитува...