Рајола: Погба сака да се врати во Јувентус

Агентот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, Мино Рајола вели дека Французинот сака да се врати во Италија. Уште од минатата сезона Погба не прикажува задоволителни партии во дресот на „црвените ѓаволи“. Прво имаше големи проблеми со Жозе Мурињо, а само мал период беше среќен и по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер.

„Погба во Италија се чувствува како дома. Италија за него и неговото семејство е втор дом, исто како и на Златан Ибрахимовиќ. Затоа Пол сака да се врати во Јувентус. Меѓутоа за тоа ќе разговараме по Европското првенство. Погба сака секогаш да игра на највисоко ниво, но во моментов тоа не може да се случи во Манчестер Јунајтед“, изјави Рајола. 

Евентуалното негово враќање во Јувентус ќе биде негово второ во Торино, откако во 2012 како слободен фудбалер премина во клубот.

Се вчитува...