Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс најави освојување на Лигата на шампионите.
И покрај сите очекувања, Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид со вкупна победа од 5-1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите. Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Направивме неверојатна работа во ЛШ досега. Имаме верба во себе, безрезервно му веруваме на тренерот, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“, изјави Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА