Хјустон рокетс има предност од 3-2 во финалето на „западот“ против Голден стејт, но „ракетите“ ќе имаат уште потешка задача да слават на гостински терен откако останаа без Крис Пол, кој дефинитивно ќе го пропушти наредниот натпревар од оваа финална серија.
Причина за ова е повредата на мускулот што Пол ја заработи во последната минута од петтиот меч во Хјустон. Веднаш беше очигледно дека не станува збор за наивен проблем, а „ракетите“ денеска и официјално обелоденија дека одличниот плејмејкер нема да биде во комбинација за шестиот дуел од серијата.
Воедно, евалуацијата на неговата повреда ќе продолжи секојдневно, во обид Пол да се оспособи да настапи на „мајсторката“ во Хјустон, доколку Голден стејт слави на шестиот натпревар на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА