Хјустон продолжува со очајните игри од стартот на сезонава откако „ракетите“ беа приземјени на домашен теерен од ЛА клиперс со пораз од 20 поени разлика (113-133). Крис Пол се врати во тимот по одлежаната суспензија, Кармело Ентони беше најефикасен со 24 поени, но во таборот на „ракетите“ се чувствуваше отсуството на повредениот Џејмс Харден. „Резервистите“ им ја донесоа оваа победа на клиперси, Френцел постигна 30 поени за 27 минути игра, додека Лу Вилијамс беше стрелец на 23 поени во четвртата победа на ЛА клиперс сезонава.
Голден стејт славеше на гостувањето против Њујорк со 100-128, убедлив триумф поради неверојатната последна четвртина што актуелниот шампион ја доби со неверојатни 16-47. Во главна улога во овие 12 минути беше Кевин Дурант, кој погоди десет од 13-те упатени шутеви, реализирајќи 25 поени надополнети со девет скока и пет асистенции. Тој го заврши мечот како најефикасен со 41 поен, пред Стеф Кари со 29 поени.
Резултати НБА:
Шарлот – Чикаго 135-106, Њујорк – Голден стејт 100-128, Торонто – Далас 116-107, Хјустон – ЛА клиперс 113-133, Минесота – Милвоки 95-125, Њу Орлеанс – Бруклин 117-115, Сакраменто – Вашингтон 116-112.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

