Шведскиот шампион Малме во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип триумфираше со 3-2 против исландски Викингур во првиот натпревар од осминафиналето во квалификациите за Лигата на шампионите.
Малме имаше предност од 3-1 буквално до последните секунди од средбата, но Викингур, иако и со играч помалку, успеа да дојде до надежни 3-2 пред реваншот со голот на Гудјонсен во 93. минута.
Ракип, кој заработи и жолт картон на дуелот, настапи во првиот тим на Малме играјќи се до 80. минута од средбата кога беше заменет од Ларсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

