Ракип и Малме убедливо поразени од Челси, гостински победи на Баерн и Јуве (ВИДЕО)

Новопечениот македонски репрезентативец, Ердал Ракип и неговиот Малме доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај актуелниот европски шампион Челси со 4-0. Жоржињо двапати од пенал, Кристенсен и Хаверц беа стрелци на головите за лондонскиот клуб.

Ракип во игра влезе во 58. минута и ги одигра последните половина час.

Баерн Минхен стигна до убедлив триумф на гостувањето кај Бенфика со 0-4, додека гостинска победа забележа и Јувентус кој беше подобар од Зенит со минимални 0-1.

Се вчитува...