Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Боби Милевски го објави списокот на фудбалери за контролните два натпревари против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Милевски проговори и за ситуацијата со Ердал Ракип кој веќе подолго време не е дел од репрезентацијата на Македонија.
„Кога фудбалер ќе ви каже дека му треба пауза од националниот тим вие го прашувате за причините. Не беше наведена ниту една причина освен една дека тој едноставно не се чувствува како дел од тимот. Јас тоа го почитувам и не можеме да направиме ништо плус. Наша цел е на секој играч да му пружиме да се чувствува како дел од тимот. Тоа важи за него и за сите останати. Сето друго е на самите играчи” – истакна селекторот Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА