Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип има уште шест месеци од договорот со Малме, по што на крајот од годината е слободен играч, доколку не се случи да ја продолжи соработката во следниот период.
Во интервју за шведските медиуми, Ракип вели дека нема намера да брза за нов договор, и дека има добри релации со раководството на Малме.
„Среќен сум во Малме, имаме добра соработка и добар дијалог со раководството, но чекаме и ја проверуваме ситуацијата. Нема ништо тензично. Имам уште шест месеци и да почекаме да видиме. Веќе ги информирав дека нема да брзам и сакам да почекам малку. Не сум добил нов договор, но сигурно дека има нешто подготвено доколку се решам да потпишам порано“, рече Ракип.
Ракип е во Малме долго време. Беше дел од овој тим од 2013 до 2017, а потоа ја проба среќата во Бенфика и Кристал Палас, пред да се врати во екипата во 2019 година. За овој тим има одиграно речиси 300 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

