Барселона утревечер ќе му гостува на италијанскиот првак Јувентус во рамките на Лигата на шампионите, а хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ на вечерашната прес – конференција најави возбудлив меч. Со максимален респект зборуваше за квалитетот на „старата дама“ и за капитенот Џанлуиџи Буфон.
„Ние сакаме да победиме во Торино и да бидеме релаксирани пред последното коло од групната фаза во ЛШ. Но, Јувентус е квалитетен им и свесни сме дека не очекува многу тежок натпревар. Ќе се потрудиме да биде возбудливо“, порача Ракитиќ.
По ова, Хрватот одговори и на прашањето за Џанлуиџи Буфон.
„Тој е најголемиот голман можеби и во историјата на фудбалот. Знаете, ако сите деца кои сакаат да станат голмани всушност како идол го имаат Буфон, тогаш јасно е за каков фантастичен спортист се работи. Тој даде многу и за Јувентус и за светскиот фудбал воопшто, и навистина жалам што нема да се прости на најдобар начин, на Светското првенство во Русија. Да можам, би му го отстапил моето место на мундијалот“, изјави Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА