Ракитиќ форсира заминување од „Камп Ноу“ во јануари, Интер прв во редот

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ инсистира на заминување од „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок. Тој не добива голема минутажа во составот на Ернесто Валверде и најверојатно на половина од сезоната ќе се пресели во Италија.

„Ми ја одземаа топката со која си играв“, изјави Ракитиќ, потенцирајќи дека е несреќен со моменталната ситуација во клубот.

Голем интерес за него појавува Интер, кој сака да го доведе и подготвен е да плати 25 милиони евра.

Сепак, Барселона бара дури 15 милиони евра повеќе за да му дозволи на Хрватот да си замине од „Камп Ноу“.

Се вчитува...