Иван Ракитиќ и челниците на Барселона имаат идентичен став за иднината на хрватскиот плејмејкер – дека најдобро за сите ќе биде ако тој веќе во јануарскиот преоден рок си замине од „Камп ноу“. Хрватот е ифнориран од страна на тренерот Валверде при изборот на играчи за првиот тим, шанса пред него добиваат Артур и Де Јонг, па Ракитиќ е свесен дека мора што поскоро да ги смени клупските бои.
Една опција експресно отпаднала од игра, откако одличниот плејмејкер ја отфрлил можноста за преселба во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во него гледале извонредно јануарско засилување, но Ракитиќ не сака да се пресели во овој клуб, кој и сезонава бележи резултати далеку под своето реноме. Понудата била одлична од финансиски аспект, но Хрватот јасно ставил до знаење дека преселба на „Олд Трафорд“ не е дел од неговите планови.
Според каталонскиот весник „Спорт“, пред него се само уште три опции, и тоа трансфер во ПСЖ или преселба во Милано, каде и Интер и Милан покажуваат сериозен интерес за да го доведат во своите редови. Се очекува Барса да заработи околу 40 милиони евра од неговата продажба, а на крај последниот збор ќе го има самиот фудбалер, кој ќе избере каде сака да ја продолжи кариерата. Финансиски најдобра е понудата на францускиот првак, но Ракитиќ ниту таму ќе нема гаранции за првотимски статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА