Иван Ракитиќ повторно е дел од хрватската репрезентација за квалификациските средби со Унгарија и со Велс, откако претходно не настапи на двата натпревари што „коцкестите“ ги одиграа минатиот месец. Тогаш тој самиот побара од селекторот Далиќ да биде изоставен од списокот, зашто беше жестоко критикуван од јавноста во Хрватска.
„Искрено ме боли кога некој ќе каже дека не ја сакам Хрватска, бидејќи за мене репрезентацијата секогаш била светост. Некогаш се случуваат работи над кои немаме контрола, затоа и решив да не играм во септември, кога не бев психолошки подготвен за настап. Сакам секогаш кога играм да давам 100% за репрезентацијата, тоа беше невозможно минатиот месец, ќе беше некоректно кон соиграчите да дојдев и да играв иако не бев подготвен. Благодарност до селекторот Далиќ, капитенот Модриќ и сите оние кои суштински ја разбраа мојата ситуација. Ми требаше време да се адаптирам на новата ситуација во клубот, но сега сум максимално подготвен“ – истакна Ракитиќ.
Хрватска во следното коло ќе ја пречека Унгарија на „Пољуд“ во Сплит, меч на кој „коцкестите“ не смеат да да си дозволат „кикс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА