Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ нема намера ова лето да ја напушти Барселона, иако неговото име редовно се споменува низ медиумите на списокот на фудбалери кои можеби ќе го напуштат составот на Ернесто Валверде. Сепак, тој вели дека неговата желба е и понатаму да го носи дресот на каталонскиот тим.
„Мојата идеја е да останам на „Камп Ноу“ и да освојувам нови трофеи со Барселона. Не ги читам написите во весниците, јасно ставив до знаење и кај раководството дека не сум заинтересиран за заминување. Напротив, мислам дека ќе имаме многу возбудлива сезона“, изјави Иван Ракитиќ.
Името на Хрватот е во опција за пакетот кој Барселона му го понуди на ПСЖ за евентуалното враќање на Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА