Ракитиќ: На Динамо му ја посакувам целата среќа на светот

Динамо Загреб не успеа да ја надомести негативата од првиот меѓусебен натпревар против Севилја па и покрај победата од 1-0 на „Максимир“ не се пласираше во следната фаза од Лига Еворпа. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Мислав Оршиќ кој во 65. минута беше сигурен од белата точка.

По натпреварот импресиите ги откри Иван Ракитиќ, долгогодишниот навивач на Динамо, а во моментот фудбалер на Севилја.

„Знаевме по првата репрезентација колку е добар Динамо. Тоа е фантастична екипа. Им честитам на добриот натпревар и на победата и сакам да им ја посакам целата среќа на светот“, вели доскорешниот репрезентативец на Хрватска кој потоа додаде

„Фудбалот понекогаш е малку чуден. Кога имавме се под контрола, примивме гол од смешен пенал. Сега е важно што до крајот успеавме да бидеме мирни и сконцентирани па поминавме во следната фаза“

Се вчитува...