Лука Модриќ и на 40 години ја воодушевува фудбалската јавност со феноменалнит е настапи во дресот на Милан, но ветеранот се уште е во дилема дали да ја активира и втората година од договорот што го има со „росонерите“.
Долгогодишниот репрезентативен колега на Модриќ, „пензионерот“ Иван Ракитиќ обелодени дека Лука сериозно ја разгледува опцијата да продолжи да игра уште една година.
„Ми беше многу мило што видов дека е толку среќен во Милан. Се надевам дека така и ќе продолжи. Му реков доста е, дојди да играме падел заедно, но тој ми откри дека сака да продолжи, планира да игра и следната година. Му посакувам многу среќа што и да одлучи“, откри Ракитиќ.
Договорот на Модриќ со Милан има клаузула за уште една година што клубот сака да ја активира, но најпрвин чека на самиот фудбалер, кој ќе треба да реши дали со настапот на СП 2026 ќе ја заврши кариерата или ќе игра уште една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

