Веќе нема никакви дилеми, Иван Ракитиќ уште долго ќе го носи дресот на Барселона откако одличниот играч за врска денеска го стави потписот на новиот четиригодишен договор со каталонскиот гигант. За услугите на Ракитиќ во изминатите месеци се интересираа Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челси, па дури и Реал Мадрид, но Хрватот цело време инсистираше дека желба му е да потпише нов договор со Барса.
„Денеска полнам 29 години и не можев да добијам подобар подарок од управата. Горд сум бидејќи ми е исполнета желбата – да играм уште долго за најдобриот клуб во светот. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката што ја добивам од првиот ден кога пристигнав во овој клуб“ – изјави Ракитиќ по потписот на новиот договор.
Според клаузулата вклучена во договорот, клубот што би сакал да го доведе Хрватот во своите редови ќе треба да плати огромна отштета од 125 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА