Ракитиќ пред преселба во Саудиска Арабија

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако во последно време падна во втор план во Севиља.

Новиот тренер Кике Санчез Флорес не смета многу на Хрватот, а познатиот новинар за трансфери Фабрицио Романо тврди дека преговорите со Ал Шабаб се во напредна фаза.

Наводно играчот од средниот ред веќе се простил од своите соиграчи и дека наскоро ќе биде дел од овој тим од Саудиска Арабија. Во минатото имаше шпекулации за негов трансфер во оваа земја, но секогаш остануваше во Севилја. Но, откако дојде Кике Санчез Флорес се сменија и работите кај Ракитиќ, кој сега е блиску до преселба во Саудиска Арабија.

Се вчитува...