Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ вели дека трагично загинатиот Хозе Антонио Рејес го сметал како дел од семејството.
„Немам зборови. Тој е еден од малкуте фудбалери кој пренесуваше радост на теренот. Беше соиграч кој сите го сакаа. Од првиот ден кога се врати во Севилја изгледаше како да ја презема контролата, сите го сакаа, фудбалерите, навивачите. Не ме напушти само поранешен соиграч, туку и член на моето семејство. Не добивате често можност да запознаете човек каков што беше Антонио“, изјави Ракитиќ.
Рејес го изгуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во саботата во 36. година од животот. Со Ракитиќ играше во Севилја две и пол години, пред хрватскиот фудбалер се пресели во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА