Барселона стигна до сензација, го победи ПСЖ со 6-1 и го елиминира од Лигата на шампионите, иако по првиот меч имаше негатива од четири гола (0-4). Драматичниот финиш се претвори во ерупција од воодушевување кога Серхи Роберто го постигна шестиот гол, во буквално последната акција, во петтата минута од судиското продолжение.
Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ вели дека тој и соиграчите верувале до последен момент, а на Супербоул виделе дека во спортот се е можно.
„Фантастично, за неверување, но вистина е. Успеавме. Првиот меч беше многу тежок за нас, не отпишаа, но ние знаевме дека во спортот се случуваат чуда. Неколку пати го гледавме фантастичниот меч на Супербоул, видовме што се случи. Ова е Барселона, ова е најдобриот тим во светот, и сега сакаме да го продолжиме нашиот сон се до освојување на трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Иван Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА