Ракитиќ: Вратете го фудбалот… Ако може да ризикуваат оние во супермаркетите, можам и јас

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ нема дилеми околу тоа дали сака продолжување на фудбалската сезона.

„Јас сакам да играм. Мора да се врати фудбалот, секако со мерки за внимателност. Но, мора да знаеме дека никогаш нема да има 100% сигурност. Но, сите работници ризикуваат. Оние во супермаркетите имаат поголема веројатност да се заразат, но сепак работат. И тие ризикуваат, па сакам и јас да ризикувам. Мора на луѓето да им овозможиме да уживаат во фудбалот“ – вели Ракитиќ.

Хрватскиот фудбалер ова лето најверојатно ќе ја напушти Барселона. За неговите услуги се заинтересирани клубови од Италија и од Англија, но и Севилја каде претходно настапуваше.

Се вчитува...