Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа и на вториот дуел од двомечот пријателски средби со Италија, славејќи против „аѕурите“ со резултат 29-21. По вчерашните 26-23, денеска македонските ракометарки се покажаа во уште подобро издание, цело време го диктираа темпото и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Само петнаесетина минути траеше отпорот на „аѕурите“, кои потоа немаа сили да ги издржат налетите на македонскиот состав. Избраничките на Симовски стигнаа до 9-6, ја зголемуваа предноста до самиот крај и рутински стигнаа до победата.
Оваа ЕХФ-седмица беше максимално искористена од страна на стручниот штаб за воигрување и крвање на формата во пресрет на следните предизвици, претквалификациите за СП во кои Македонија се наоѓа во група со Исланд, Турција и со Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА