Во Шпанија нов изум. Ракометен натпревар со маски за актерите на теренот. Учествуваше и македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски.
Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски загуби на гостувањето кај Адемар Леон so 31-23.
Димитриевски постигна еден гол, но сигурно ќе го памети мечот во кој мораше да носи маска на теренот. Досега имаше пракса кај некои екипи да се носат маски на клупата, меѓутоа за првпат и актерите на теренот играа со маски преку лицето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА