Хрватската јавност е револтирана од начинот на делењето на правдата од страна на норвешките судии на вчерашниот натпревар против Франција на ЕП 2024, на кој „коцкестите“ загубија во трилер завршница.
Хрватите не може да се помират со одлуката на Норвежаните во круцијален момент во финишот, кога при резултат 27-26, судиите онака „соломонски“ се одлучија да го исклучат Дика Меме поради груб старт, но и Хрватот Верон Начиновиќ поради „глума“. За поголемиот дел од ракометниот свет сето тоа е фрапантно зачудувачки!? Како може за истиот старт еден играч да добие две минути суспензија, а другиот две минути суспензија дека го одглумил прекршокот.
„Сето тоа нема никаква врска. Тешка судиска глупост која само потврдува уште еднаш каков спорт е ракометот“ – пишува хрватски „24 часа“ и дополнува:
„До кога судиите ќе го контролираат натпреварот и ќе имаат моќ да одлучуваат за крајниот резултат. Ракометот е единствен спорт, заедно со ватерполото, во кој судиите може да ви го однесат натпреварот во резултатска завршница ама баш како сакаат, за разлика од било кој друг спорт. Но, што воопшто да се каже за спортот во кој најдобриот играч на светот и апсолутна икона (читај Никола Карабатиќ) – е осуден за местење натпревари! И неговиот брат Лука исто така! Замислете еден Меси, Роналдо или Модриќ да бидат осудени за такво неспортско дело“.
Хрватскиот медиум продолжува уште подиректно…
„Но, што да се каже за спортот во кој и прогласениот најдобар судија за една година, е суспендиран на три години поради грубо кршење на ЕХФ кодексот поради обложување, како што беше тоа случај со нашот Матија Губица!??? Интегритетот на ракометот е одамна нарушен… Затоа и се помал број европски земји се одлучуваат да го играат. А ние уште се палиме!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

