Македонската ракометна репрезентација игра квалитетно прво полувреме против актуелниот светски и евроски првак Норвешка, во кое нашите ракометарки имаат само два гола негатива во однос на големиот фаворит (12-14).
Воедно, Македонија го има и најубавиот потег во досегашниот дел од мечот, фантастичниот цепелин кога Стојковска асистираше, а Саздовска фантастично скокна од крило и ја матираше норвешката голманка.
Да се игра против најдобрите секогаш предизвика да се извлече и најдоброто од самиот себе… доказ за тоа е и овој настап на Македонија во првото полувреме во СЦ „Борис Трајковски“.
🇲🇰 flying high here against the 🇳🇴 defence ✈️
📺 https://t.co/UCkCEqn4mf #ehfeuro2022 pic.twitter.com/ff8SSDHPOW
— EHF EURO (@EHFEURO) April 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА